Во брзањето на секојдневието, често забораваме да застанеме и да се заблагодариме за она што навистина вреди. Токму затоа, креативната работилница на тема „За што сме благодарни – Благодарен сум на...“, реализирана во прекрасна соработка со Young Life Capernaum во нашиот ученички дом, беше вистинско патување низ најискрените детски срца.

