Трчаме заедно - ден исполнет со љубов, спорт и инклузија!

(run)(soccer)
Нашите ученици, родители и наставници, со огромна радост и задоволство учествуваа на хуманитарната трка ,, Run together " во Гевгелија, во одлична организација на Фондацијата,,Ице Бегов".
Пред трката се одржа пријателски и инклузивен фудбалски натпревар со млади лица од Гевгелија. На теренот - само насмевки, тимска работа, меѓусебна поддршка и нови пријателства.
Упатуваме огромна и искрена благодарност до нашиот хуман донатор, кој несебично обезбеди храна и превоз за учениците, овозможувајќи ова патување и дружење да остане незаборавно.