Училишни активности

13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!

🇲🇰 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје! ❤️
Со многу креативност, труд и љубов, учениците од дневниот престој и заедно со децата од ученичкиот дом, изработија прекрасен заеднички постер посветен на нашиот град – Скопје.
Преку слики, стихови, бои и детска фантазија, тие ја претставија убавината, историјата и значењето на нашиот град.
Оваа активност е прекрасен пример за заедништво, соработка, креативност и негување на љубовта кон родниот град.
Скопје, град на солидарноста, храброста и заедништвото. Нека ни е честит 13 Ноември! 🇲🇰❤️

Галерија

Пребарај