
Ден исполнет со магија, насмевки и радост!

Учениците од ученичкиот дом имаа прекрасна можност да уживаат во волшебната претстава на магионичарот Кристијан Шопов, кој со своите магични трикови, изненадувања и позитивна енергија им приреди незаборавни моменти.


Посебна радост донесе и гестот на Кристијан, кој преку своето социјално претпријатие „Среќотворци“ подели подароци на присутните деца, подарувајќи им искрени насмевки, среќа и чувство дека секое дете заслужува внимание и радост.


Овој прекрасен настан беше потсетник дека вистинската магија не е само во триковите, туку и во добрината, хуманоста и радоста што ја споделуваме со другите.
