-
14.10.2026
-
Училишни активности
На часот по практична настава од текстилен смер беше организирана посета од две волонтерки, од кои едната е пензионирана работничка од конфекција. Тие им ги пренесоа на учениците своите долгогодишни искуства од работата во струката и им покажаа практична работа со машина за шиење. Учениците од прва и втора година, како и професорките по теоретска и практична настава, внимателно следеа и учествуваа во активноста. Се надеваме дека оваа средба ќе придонесе за градење заедништво меѓу искусните стручњаци и учениците со посебни образовни потреби. Задоволството е заемно: учениците се среќни од стекнатите нови вештини и од вниманието што им се посветува, а волонтерките уживаат во споделувањето на искуството и работата со нив.